
Денеска на американскиот Национален демократски институт објави истражување за предвремените парламентарни избори во нашата земја според кое колацијата предводена од СДСМ и БЕСА има предност од 3,6 % пред коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пред гласањето на 15 Јули.
Сепак, ако се направи математика анкетата има голема фалинка, ниту помалку ниту повеќе, туку 6,1 процент, односно збирот на сите проценти за партиите дава конечен резултат од 93,9 отсто. Се чини дека намерно се прави ова за да изгледа анкетата според желбите на некого и да ја протежира СДСМ како победник. Шест отсто од гласовите може да дадат поинаков изглед на анкетата.
Според фаличната анкета во просек 24,8 % од испитаниците кажале дека ќе ја подржат коалицијата „Можеме“, 21,2 % ќе гласаат за коалицијата „Обнова за Македонија“, ДУИ води со 7,2% пред коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива за која ќе гласаат 5,7%. 16,5% од луѓето кажале дека нема да гласаат, 9,5 одбиле да одговорат а 9% не знаат.
Истражувањето покажува дека за коалицијата предводена од СДСМ нема големи промени кај гласачите во однос на расположението за гласање во март, кај ВМРО – ДПМНЕ има скок од 2%, а кај ДУИ и Алијансата и Алтернатива состојбата е статус кво. Во однос на довербата во лидерите, граѓаните најмногу му веруваат на Зоран Заев со 40% кој сепак има пад од рејтингот во однос на февруари, довербата се зголемила кон Христијан Мицкоски но тој заостанува речиси дупло зад Заев со 28%.
Интересно е што Зијадин Села ужива поголема доверба пред Али Ахмети со 17 наспроти 15%, колку што има и Билал Касами а 11% се наклонети кон Африм Гаши. Во однос на излезноста 7% е намален интересот на граѓаните за гласање во однос на Февруари, а најголем дел од луѓето кои кажале дека нема да гласаат 22% кажале дека тоа е страв поради Ковид19. Истражувањето на НДИ е спроведено на терен, преку интервјуа лице в лице, од 12-21 јуни на национален репрезентативен примерок од 1.213 испитаници кои имаат над 18 години.