
Потпретседателот и носител на листа во ИЕ4 од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски побара поддршка од граѓаните за, како што вели одговорност и функционално право без корупција.
-Не сме сите исти, тие се луѓе до гуша во криминал, рекет, корупција и измами. Ние се бориме против тоа затоа што сакаме Македонија да стане држава со функционално владеење на правото. Исчистена од корупција. Се обврзуваме на војна против криминалот и нула толеранција за корупцијата. Време е за одговорност, без разлика за кого се работи. Дајте ни поддршка да ги промениме работите, истакнува Николоски во видеото.