
Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси ги прекина преговорите за продолжување на договорот со Барселона и е подготвен да го напушти единствениот клуб за кој досега настапувал откако ќе му истече договорот летото следната година, објави во петокот најслошаното шпанско радио Cadena Ser.
Барселона неодамна ги започна преговорите со Меси и неговиот татко, понудувајќи му нов договор до летото 2023 година, надевајќи се дека аргентинската ѕвезда ќе остане во клубот до крајот на својата играчка кариера/
Меѓутоа, Меси одлучил да ги прекине преговорите поради тоа што од клубот во шпанските медиуми протекле информации дека тој е виновен за сегашната лоша атмосфера во соблекувалната и за отказот на поранешниот тренер Ернесто Валверде, а наводно го фрустрира и лошиот квалитет на играчкиот кадар во клубот, тврди радиото Cadena Ser.
Меси, кој оваа седмица во дербито против Атлетико Мадрид го постогна 700-от официјален погодок во кариерата, е најплатениот фудбалер на светот и според сегашниот договор наводно заработува 70 милиони евра по сезона. Зад него е Португалецот кој настапува за Јувентус, Кристијано Роналдо, кој наводно заработува 56 милиони евра годишно.