
Олгица Н. Трајковска денеска поднесе кривична пријава до Обвинителството против претседателот на СДСМ, Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
„Денеска поднесов Кривична пријава до ОЈО против Заев, Димитров и други… за кривично дело од чл.160 од КЗМ, затоа што со ИЗМАМА влијаеја на СЛОБОДНАТА волја на гласачите – КАКО да гласаат на ПИ 2016., свесно лажејќи за Името, Идентитетот, Уставот, Реформи, Смилковско, Младенов, Плати, Гаранцијата и др….“, пишува Трајковска.
Поранешниот премиер Заев е носител на листата на СДСМ во четвртата а досегашниот шеф на дипломатијата Димитров ја предводи кандидатската листа за првата изборна единици.
Случаите за кои поднесува обвинение споменатата Трајковска се однесуваат на ветувањата дадени од Заев во текот на предизборната кампања во декември 2016 година кога јавноста ја уверуваше дека поседува меѓу другото докази дека обвинетите за исламистичко мотивирано убиство пет момчиња на Смилковското езеро во Скопје пред Велигден две години претходно се политички осудени, како и дека загинувањето на новинарот Никола Младенов било всушност политичко убиство. Меѓутоа, и четири години подоцна Заев не понуди никакви докази за потвреда на своите тврдења, а семејствата на момчињата кои биле егзекутирани го обвинија дека ги манипулирал дека ќе ја изнесе „вистината“ за нивната трагедија.
Покрај тоа, Трајковска во поднесокот до обвинението ги споменува и договорот со Грција за промена на уставното име на земјата, иако Заев и Димитров претходно гарантираа дека нема да го сторат тоа. Во приајвата, исто така, се споменуваат и бројни неисполнети ветувања на лидерот на СДСМ.