
Кандидатот за пратеник во Изборната единица 1 доктор Синиша Стојаноски преку видео на Фејсбук пишува дека лекарите ја бараат иднината надвор од Македонија, а тоа мора да се промени бидејќи здравствените работници заслужуваат повеќе.
-Нашата држава продуцира многу стручни лекари, а моменталната ситуација во здравството е разочарувачка.
Нашите колеги ја бараат иднината надвор од Македонија, ова мора да го промениме, здравствените работници заслужуваат многу повеќе.
Повисоки плати и достоинствена плата за специјализантите, платени дежурства,подобри услови за работа, реконструкција на болниците и многу повеќе е наша обврска, стои во неговиот пост на Фејсбук.