
Седумдесетгодишен жител на селото Тимјаник го загубил животот откако тракторот со кој управувал, се превертел и го згмечил.
Како што соопшти полицијата, несреќата се случила вчера, а била пријавена вечерта, во 20.20 часот во Полициската станица – Неготино.
Според извршениот увид, тракторот се превртел при излегување од нива, движејќи се кон колскиот пат со мала удолнина.
Доктор констатирал повреди од кои С.Р. починал, а за настанот е информиран и јавен обвинител