
Во Србија во последните 24 часа се потврдени 302 нови случаи на зараза со коронавирусот и петмина починати од респираторната болест Covid-19, објави во неделата српското министерство за здравство.
На болничко лекување во моментов се 2.553 пациенти, од кои 81 се на респиратор.
Од почетокот на епидемијата во Србија на 6-ти февруари, регистрирани се вкупно 16.131 заразено лице и 311 починати. Процентот на смртноста меѓи заболените е 1,93 отсто.
Од петокот вонредна состојба повторно е прогласена во главниот град Белград, и во уште девет градови.
И натаму најтешка е состојбата во Нови Пазар и Тутин во областа Санџак. Војската во Нови Пазар подигна полска болница со 100 кревети со можност брзо да биде проширена на 170, а повеќе фондации и здруженија испратија помош во медицинска опрема и материјал.