
Изгубениот министер во заминување Дамјан Манчевски, кој го критикуваше проектот на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на Дигитална агенција и тврдеше дека истиот е застарен и реализиран, не успеал да разбере дека во нивната програма на страна 200 во првата година од новиот мандат се ветува реализација на Дигитална агенција. Оттука е целосно разбирливо зошто министерот во заминување не може да ја разбере концепцијата на програмата за дигитална трансформација на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од комисијата за информатичко општество, телекомуникации и АВУ на ВМРО – ДПМНЕ.