
Додека поголемиот дел од САД го одбележуваа Денот на независноста, околу 300 демонстранти во саботата во Балтимор го урнаа споменикот на италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо прифатен како откривач на Америка, кој се скршил на повеќе делови кои биле фрлени во пристаништетот, пренесуваат медиумите.
Статута на Колумбо се наоѓаше во квартот Мала Италија, во пристанишниот град Балтимор во сојузната држава Мериленд, а демонстрантите го врзале со синџири со одушевено извикување и потскокнување, пренесуваат американските медиуми.
„Откако статуата беше соборена се скрши на неколку делови кои демонстрантите ги влечеа преку плоштадот и ги исфрлија во пристаништето“, изјави за телевизијата CNN, Луис Краус.
Како очевидец тврди дека полицијата не била присутна во моментот на уривање на споменикот
Устовремено со уривањато во Балтимор, пред Белата куќа се одржаа протести на кои демонстрантите запалиле американско знаме и извикувале пароли против „робството, геноцидот и војните“ и „Америка никогаш не била голема“, пренесува телевизијата NBC, недвосмислено алудирајќи на геслото на американскиот претседател Доналд Трамп – „Да ја направима Америка голема повторно“.
Спомениците на Колумбо, како и на други личности од американската историја, се најдоа на мета на демонстрантите против полициската бруталност и расните разлики во многу градови низ САД, како Бостон, Њујор, Вашингтон, Ричмонд и Мајами, а во Сан Франциско споменикот на морепловецот од Џенова го отстранија градските власти.
Споменикот на Колумбо во Балтимор е поставен во 1984 година во присуство на тогашниот градоначалник и претседател Роналд Реган и е едно од трите негови паметници во градот. Статуата е само една од многуте историски обележја кои се оштетени или целосно оштетени во текот на бранот протести кои траат од крајот на мај против полициската бруталност кои започнаа со убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.
Славен како откривач на Америка, на Кристофер Колумбо, денес неолибералните активисти токму со европско потекло го гледаат како симбол на доаѓање на Европејците и одземање на земјата која не им припаѓала.
Во својот говор по повод Денот на независноста, кога во 1776 година 13 тогашни британски колонии прогласиле независност од британската монархија, претседателот Доналд Трамп го спомена и Колумбо.
„Заедно ќе се бориме за американскиот сон и ќе го браниме, штитиме и зачуваме нашиот американски начин на живеење кој започна во 1942 година кога Кростофер Колумбо ја открил Америка“, рече Трамп кого го цитира AFP.
Исто така, порача дека Америка „ќе ги победи радикалната левициа, марсксистите, абнархистите, агитаторите и ограбувачите и крадците“. „Никогаш нема да ѝ дозволиме на разјарената толпа да ги урива нашите споменици, да ја брише нашата историја и да го индоктринира децата“, додаде Трамп кој во петокот побара од властите да ги апсат лицата кои ги уриваат и вандализираат спомениците.