Министерството за енергетика на САД го обвини „еколошкото лоби“ за опструкција на големиот гасоводен проект

Американското министерство за енергетика смета дека ткн „еколошко лоби“ го опструирало проектот за големиот гасовот Atlantic Coast Pipeline (ACP), изјави министери Ден Брујет, а истовремено еден од партнерите во проектот објави дека го напушта и го продава својот удел на фондот на милијардерот Ворен Бафет.

Во неделата компанијата „Dominion Energy“ и нејзиниот партнер „Duke Energy“ соопштија дека го напуштаат проектот за големиот гасовод ACP, образложувајќи ја одлуката со неизвесноста во врска со крјаната цена и регулативата. Според двете енергетски компании, гасоводот вреден повеќе од 8 милијарди долари нема оправданост и исплатливост, поради бројните одложувања и тужби од еколозите, сопствениците на земјиштето и локалното население.

Партнерите се откажаа од проектот и покрај големата победа во Врховниот суд, кој во јуни дозволи изградба на гасоводот ACP под Алапачката патека, пешачка маршрута низ планините од атлантскиот брег на САД, која се протега во должина од 3.500 километри од Џорџија до Мејн.

„Силно финансираното еколошко лоби на опстрикционитите успеа во тоа да го ‘убие’ Atlantic Coast Pipeline. (Овој гасовод) Можеше да ги намали трошоците за енергија на корисниците во Северна Каролина и Вирџинија, давајќи им пристапни цени, обилна и сигурна испорака на природен гас од алапачкиот регион“, изјави министерот Брујет.

Според него, проектот, исто така, ќе создадел илјадници работни места. Министерот се пожаили и дека иницијаторите на проектот „Dominion Energy“ и „Duke Energy“ дошле до заклучок дека проектот е економски неизводлив поради постојаните тужби со кои се соочуваат во текот на планирањето и проектирањето на гасоводот.

Истовремено „Dominion Energy“ потврдувајќи дека се повлекува од изградбата на гасоводот објави дека го продава својот удел во проектот за речиси 10 милијарди долари на инвестицискиот фонд „Berkshire Hathaway“ на претприемачот Ворен Бафет.

Во низата објави на компанијата во неделата се наведува дека „Dominion Energy“ ќе ѝ ја продаде на „Berkshire Hathaway“ својата сопственост во елементите од гасоводната инфраструктура, како и уделот од 25 отсто во гасната компоанија во сојузната држава Мериленд во вкупна вредност од 9,7 милијарди долари. Во оваа зделка се вклучени и долговите на „Dominion Energy“ во износ од околу 5,7 милијарди долари.

Во заедничката изјава на „Dominion Energy“ и „Duke Energy“ се прецизира дека ги напуштаат плановите за изградба на гасоводот во должина од 970 километри во државите Вирџинија, Западна Вирџинија и Северна Каролина. Според проектите, капацитетот на гасоводот можеше да достигне околу 42 милиони кубни метри гас дневно.

Од „Dominion Energy“, како главен акционер, своите планови во врска со проектот првпат ги објавија уште во 2014 година. Против неговата изградба од тогаш постојано се спротиставуваа еколошките организации, како и здруженијата на американските староседелски народи.