
Поради коронавирусот глобалниот пазар на труд е во голема криза.
Стапката на вработеност не може да се врати како претходно.
Глобалните лидери на Самитот на Меѓународната организација на трудот (ИЛО) апелираа за целосен пристап во справувањето со последиците од пандемијата.
Директорот на ИЛО, Гај Рајдер го потврди ова.
Прогнозите за втората половина од 2020 година се „многу несигурни”.
На Самитот се обрати и генералнит секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш.
„Треба да биде јасно дека не се работи за избор помеѓу здравјето или работата и економијата. Се е испреплетено: или ќе победиме на сите фронтови или ќе загубиме на сите фронтови“, вели Гутереш.
Екстремната сиромаштија веќе се чувствува во одредени земји.
Една третина Африканци, односно 425 милиони жители, живеат под прагот на сиромаштвото, со помалку од 1,9 долари дневно, но влијанието на пандемијата на коронавирусот ја влоши таа состојба, наведува Африканската банка за развој.