
На 08.07.2020 во 02:00 часот во СВР Скопје, З.Р.(49) од с.Волково, скопско, вработен како возач на автобус во ЈСП Скопје, пријавил дека на 07.07.2020 околу 22:30 часот, додека управувал градски автобус од нас.Хром кон нас.Ѓорче Петров, на ул.„Ѓорче Петров“, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.З.(22) од Скопје.
По преземени мерки А.З. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.