Европските Зелени со поддршка за ДОМ на изборите

ДОМ информира дека добива силна поддршка од Европските Зелени за претстојните парламентарните избори.

-Во пресрет на изборите копретседателите на Европските Зелени, Евелин Хојтебрук и Томас Вајтц се обратија до македонските граѓани. Европратеникот Вајтц истакна дека Европските зелени се залагаат нашата земја што побргу да ги започне пристапните преговори со ЕУ, велат од ДОМ.

https://www.facebook.com/watch/?v=692969657927736

Оттаму потенцираат дека Европските Зелени ја ценат посветеноста на ДОМ во борбата за заштита на животната средина и климата, за социјална правда, еднакви можности за сите.

-Тие ќе продолжат силно да го поддржуваат ДОМ и Македонија во спроведувањето на зелените политики, како премин од јаглен кон обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, борба со загадувањето, велат од ДОМ.

https://www.facebook.com/watch/?v=729993547789583