
Се зголемува листата на држави кои го забрануваат влезот на македонските државјани во нивната земја.
Последната во низата е Италија која ги затвори своите граници за 13 земји, а меѓу кои е и Македонија, а ги сметаат најризични места за ширење на коронавирусот.
Забраната за влез во Италија и на Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, БиХ, Чиле, Кувајт, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република, објави министерството за здравство.
– Епидемијата е глобално во најакутна фаза. Не можеме да ја загрозиме жртвата која Италијанците ја поднесоа во последните месеци – рече министерот за здравство Роберто Сперанза.
На граница ќе се блокираат и луѓето кои биле или транзитираат низ тие земји во последните две недели, додаде тој. Суспендирани се и директните и индиректните летови со тие држави.