
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес реагираше на синоќешните демонстрации во Белград и Нови Сад. Вучиќ снимил видео-порака за граѓаните на неговата земја во авионот во кој патувал во Париз на средба со неговиот француски колега Емануел Макрон.
– Драги граѓани, ви ветив дека ќе знаеме како да го заштитиме мирот и стабилноста и покрај криминалните, хулигански насилни напади од кои сите сме шокирани, рече Вучиќ.
Тој додаде дека е шокиран затоа што во Нови Сад во 1941 година, Градското собрание во тој град не било оштетено во фашистичкиот напад, додека во синоќешниот протест тоа се случило.
– Ги замолувам сите наши луѓе во Белград, Нови Сад и сите други градови да не се спротивставуваат на насилниците, тоа ќе го сториме ние како држава, вели Вучиќ.
Тој уверува дека Србија ќе го зачува мирот и дека предавањето никогаш не била опција.
– Сега летам во Париз за да се борам за нашата Србија. Се гледаме наскоро, Србија победува, заклучи тој.