Дурловски влезе во Собрание за да ме убие, обвини Шекеринска

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во вчерашната „Само вистина“ на Канал 5 обвини дека нејзиниот конкурент во петтата изборна единица Игор Дурловски на 27 април во Собранието влегол за да ја убие.

„Јас не умирам од желба да дебатирам со човекот кој влезе во Собрание да ме убие или да организира други коишто ќе ја завршат валканата работа за него“, рече Шекеринска за еден од водачите на тогашната граѓанска иницијатива „За заедничка Македонија“.

Дурловски е единствениот кого судот му даде ослободителна пресуда за настаните, и тоа откако не побара амнестија.