
Откако во јуни објавија дека кај потешките форми на распираторната болест Covid-19 која ја предизвикува новиот коронавирус SARS-CoV-2 откриле појава на мозочни оштетувања, научниците известија и за појава на мозочни нарушувања кај лицата кои имале благи симптоми на заразата, пишува британскиот весник The Guardian.
Невролозите во списанието Brain објавија оваа седмица поединости за повеќе од 40 Британци заболени од Covid-19 чиишто компликации се движеле од воспалителни промени на мозокот и делириум до оштетување на нервите и мозочен удар. Во некои случаи, невролошките симптоми биле првите и единствените симптоми на болеста.
Со првиот бран на епидемијата на коронавирусот во Обединетото Кралство овие случаи го откриваат растот на зачестеноста на потенцијално смртоносната состојба позната како акутен дисеминирачки енцефаломиелитис (ADEM). Според Институтот за неврологија при University College London (UCL), случаите на ADEM пораснале од еден месечно пред епидемијата на два до три седмично во април и мај. Една жена на возраст од 59 години починала од компликации.
Десетина пациенти имале воспалителни промени на централниот нервен систем, десет имале болести на мозокот со делириум или психоза, осум мозочни удари и уште осум проблеми со периферниот дел на нервниот систем, главно дијагностицирани како Гијен-Баровиот синдром, имуно нарушување во кое се нападнати нервите и предизвикува парализи и е смртоносен во пет отсто од случите.
„Во начинот на кој Covid-19 влијае на мозокот гледаме работи кои не ги гледавме кај ниеден друг вирус досега“, вели Мајкл Занди, водач на истражувањато и советник на институтот и во болничката фондација на University College London.
„Она што го видовме кај некои пациенти со ADEM и кај други пациенти е дека може да имате сериозни невролошки нарушувања, можете да бидете многу болни а покрај тоа да имате тривијална белодробна болест. Биолошкиот ADEM има некои сличности со мултипла склерозата, но е е потежој и обично се случува еднаш. Кај некои пациенти останува долготрајна ионвалидност, други можат добро да закрепнуваат“, додава Занди.
Овие случаи ја зголемуваат загриженоста поради долгорочните здравствени последици од Covid-19 коишто некои од пациентите ги оставил со проблеми со дишењето и немоќни уште долго откако вирусот кај нив исчезнал. Кај другите оставил слабост, проблем со паметењето, чувство на трнење.
Еден од пациентите со коронавирусот е опишан во студијата, а станува збор за 55-годишна жена којашто никогаш не патела од психијатриски нарушувања и коај почнала необично да се однесува ден откако била отпуштена од болница. Постојано го облекувала и соблекувала капутот и почнала да халуцинира, и зборувала дека гледа мајмуни и лавови во свјото дом. Повторно била примена во болница и посепено ситуацијата ѝ се поправила со антипсихотици.
Друга жена, на возраст од 47 години, била примена во болница со главоболка и чувство на вкочанетост во десната рака една седмица пред почетокот на кашлањето и температурата. Подоцна симптомите се влошиле и со неа не можело да се воспостави контка, па опертивно ѝ е отстранет дел од черепот за да се намали притисокот врз отечениот мозок.
„Сакаме лекарите ширум светот да бидат свесни за овие компликации предизвикани од коронавирусот… Се чини дека мозокот е опфатен со оваа болест“, вели Занди. Притоа ги повикува лекарите од општа пракса за симптомите на пациентите како што се когнитивните нарушувања, проблемите со паметењето, вкочанетост, чувство на општа слабост или замор да разговараат со невролози.
Полните размери на мозочните нарушувања предизвикани од Covid-19 можеби сѐ уште не се откриени, бидејќи многу хоспитализирани пациенти се во премногу тешка состојба за да можат да минат низ дополнилни прегледи на мозокот.
Вирусот кај помал дел од населението би можел да остави дискретни мозочни нарушувања кои ќе бидат воочени подоцна, предупредува Занди. Тоа можеби се случило и по пандемијата на „шпанскиот грип“ во 1918 година, кога се чинело дека кај милиони луѓе се развиле мозочни нарушувања.