
Во Бразил беа потврдени 42.619 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, а починаа уште 1.220 лица, соопшти Министерството за здравство.
Од почетокот на пандемијата во Бразил, повеќе од 1,75 милиони луѓе се разболеле, а повеќе од 69.000 луѓе починале, пренесува Ројтерс.
Бразил се најде на второто место во светот по САД по бројот на заразени и мртви.