
Кандидатот за пратеник и носител на ИЕ 1 на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, се сретна со носителот и кандидатот за пратеник на ИЕ 5, Игор Дурловски на доручек за да разговараат за обновите на Македонија. Таа вети дека достоинството на Македонија ќе и се врати и ќе се стави крај на изгубеното.
Силјановска на својот фејсбук профил напиша:
„На границата меѓу изборна единица 1 и изборна единица 5 на едно прекрасно место во недопрената македонска природа долж реката Треска, се сретнавме со Игор Дурловски на доручек.
Македонија многу ни дала нам, сега е време ние да и вратиме нејзе.
Игор е еден од нашите најголеми културни амбасадори. Македонија ја претставувал секаде по светот, во најубаво светло.
Голем домољубец што е најважно.
Заедно сме во оваа битка за да не дозволиме да изгасне и последната искра надеж за Македонија. Да го вратиме изгубеното и да создадеме ново! Да го обновиме нашиот заеднички дом!
Ова е последна шанса за сите нас и за Македонија! Или ќе ја обновиме Македонија и ќе си го вратиме назад достоинството или ќе бидеме сведоци на конечниот крај.
Јас и Игор ве повикуваме на 15-ти јули да заокружиме 14 и заедно да ја исправиме Македонија“, напиша Силјановска.