
Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11/12.07.2020 во времето од 20,00 до 02,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат “диви трки“ на подрачјето на Скопје.
-Притоа санкционирани се 14 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци. Од нив еден моторциклист бил приведен во Полициската станица Карпош, а еден во Полициската станица Чаир поради правење на бучавост над дозволената со нивното движење на моторциклите и поради неносење соодветна документација за истите, информираат од МВР.
Исто така и два моторцикли ќе бидат однесени на технички преглед за понатамошна постапка.