
Професорката Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници, од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во ИЕ 1 на дебатата на телевизија Телма во емисијата „Топ тема“ вечерва на дебатата се осврна на кампањата за предвремените парламентарни избори и за сето она што се зборуваше во кампањата.
– Бомбите кои ги слуша јавноста не ми се познати, но се шокантни. Личат на признание. И сега веќе секој би интерервенирал во нормална држава, но кај нас Русковска, Јовевски не реагираат на тоа што го слушаме – рече Силјановска – соопштија од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Професор Силјановска се осврна и на понудата на ДУИ за премиер Албанец.
– Уставот вели дека секоја функција под еднакви услови му е достапна секому. Ако однапред одиме со етнички предзнак стартот ја проблематизира демократијата – кажа Силјановска.
Професорката Силјановска говореше и за концептот едно општество за сите и објасни дека тој концепт е можен само како „едно општество на сите рамноправни граѓани, концепт едно општество на нации нема врска со едно општество, туку е федерација на етнички принцип знаеме како завршија вакви концепти како Чехословачка, Руската федерација“.