
Во изминатите 24 часа во Србија според официјалните податоци објавени во неделата починале 11 лица заразени со коронавирусот, а потврдени се уште 287 нови случаи на заразата.
До неделата на болничко лекување е 4.091 пациент, од кој 144 пациенти се на респиратори.
Во последните 24 часа биле тестирани 4.050 лица, а од почетокот на епидемијата вкупно 491.428 луѓе. Од нултиот пациент пријавен на 6-ти март до 12-ти јули во Србија се регистрирани вкупно 18.360 зарзени лица.
Коронавирусот е причина за смртта на 393 луѓе, а смртноста според денешниот статистички просек е 2,14 отсто.
Членот на Кризниот штаб за борба против коронавирусот, Предраг Кон, претходно во неделата изјави дека ситуацијата со епидемиајта е „многу посериозна отколку што се очекуваше“, како и дека „утврдената стратегија за борбата не успеала“, поради што е потребна нова.
Стратегијата многу се потпирала на очекувањата дека во текот на летото значително ќе биде намалена трансмисијата на вирусот, но се случило спротивното. Во Белград ситуацијата е полоша отколку во април, рече Кон за телевизјата ТВ Прва.
Констатирајќи дека вирусот „ја прескокнал превентивната бариера и влегол во народот“, Кон порача дека трена да се избегуваат големите собири, откако се покажало дека тоа се „места за суперпренесување на вирусот“.
Кон сугерираше и дека е неопходно да се ажурираат статистичките податоци во врска со епидемијата од територијата на цела Србија, бидејќи постојат разлики во податоците од теренот, наведувајќи дека најтешко се погодени Нови Пазар, Тутин и Сјеница, во регионот Санџак. Изјави и дека има доволно тестови за утврдување на присуството на вирусот, но прашање е дали има и доволно капацитети за нивно обработување.
„Наскоро треба да се видат ефектите од обврската за носење заштитни маски во затворен простор“, рече Кон и најави дека, доколку продолжи зголеменото пренесување на вирусот, можно е повторно воведување вонредна состојба или вонредни епидемиолошки мерки.
Во Србија вонредната состојба во борбата за сузбивање на ширењето на коронавирусот беше воведена на 15-ти март а укината на 6-ти мај, приоменувајќи строги и репресивни мерки, вклучително и полицискиот час. Во понеделникот српскиот претседател Александар Вучиќ поради остриот раст на новите случаи најави повторно воведување на 80-часовен полицски час во текот на викендов, што беше поведе за масовни протести и насилства, по што власите се откажаа од оваа мерката.