Директорот на ЗОО Скопје приведен во полиција

Ѓорги Гелетановски, директорот на ЗОО Скопје, денеска бил повикан на информативен разговор во полициска станица поради објава на Фејсбук.

Гелетановски на својот профил објавил статус со кој ги повикал луѓето на гласачкото ливче да ја прецртаат „Северна“.

Гелетановски во полициска станица цел час давал изјава пред инспекторите откако бил пријавен од анонимно лице.

Единицата за Економски и компјутерски Криминал при СВР СКОПЈЕ постапувајќи по Допис доставен од Одделот за компјутерски Криминал при БЈБ, следејќи ги социјалните мрежи, установиле објави кои што содржеле елементи на основи на сомнение за сторено кривично дело (не класифицирано) кое што се гони по службена должност заради што изготвиле Допис и со прилог издвоен материјал го доставиле до СВР СКОПЈЕ. Од страна на ЕЕКК е постапено по предметниот допис, преземени се соодветни мерки и активности, при што направен е увид во ФБ профилите на лицата кои што ги ширеле таквите објави, и за таа цел повикан е на разговор Гелетановски, кој што од неговиот личен ФБ профил шерувал објава која што му била споделена од страна на друг ФБ пријател.