
Мигранти од Пакистан држеле во заложништво поголема група мигранти во селото Ваксинце, a мотивите за инцидентот сѐ уште не се познати.
„Од страна на СВР Куманово на 13.07.2020 година по претходно добиени сознанија дека во објект во селото Ваксинце две НН лица – мигранти држеле поголема група на мигранти во заложништво, превземени се мерки и активности при што во напуштен објект се пронајдени 21 лице – мигрант од кои двајца сторитела од Пакистан кои се лишени од слобода и 19 оштетени лица – мигранти. Се работи на целосно расчистување на случајот и поднесување на соодветен поднесок“, се наведува во соопштението.