
На 13-ти јули пред точно 90 години, францускиот фудбалер Лисјен Лоран се впиша во историјата постигнувајќи го првиот погодок на светските фудбалски првенства.
Во ургувајската престолнина Монтевидео на 13-ти јули 1930 година, Франција во првиот натпревар од првото Светско првенство го победила Мексико со 4:1, а првиот погодок во 19 минута од мечот го постигна Лоран и влезе во историјата.
„Кога го постигнав голот, кој беше прв на турнирот и мој прв за Франција, си честитавме едни на другите, но без скокање како што тоа го прават фудбалерите денес“, се присети Лоран во еден разговор за медиумите.
Тоа била и единствената победа на Франција на турнирот. „Триколорите“ во второто коло биле поразени од Аргентина со 0:1, а во третото од Чиле, исто така, со 0:1 и се вратиле дома.
„Ни беа потребни 15 дена натаму и 15 дена за враќање. Францускиот фудбалски сојуз немаше лесна работата да ги собере играчите, бидејќи неколку играчи мораа да се повлечат. Нивните шефови не им дозволија два месеца годишен одмор. Јас тогаш работев за Пежо, како и тројца мои соиграчи: брат ми Жан, Андре Машен и Етјен Матлер“, се присетува во друг разговор Лоран.
Во текот на карирата одиграч 10 натпревари за француската селекција, а кариерата ја завршил во редовите на Бесансон. Во текот на Вторта светска војна се приклучил на француската војска, но три години минал како воен заробеник. Почина во 2005 година на 97-годишна возраст.