Пентагон ги нарача првите авиони за хиперсонично оружје

Модернизираниот американски авион F-15EX/ © Фото: Boeing

Американското министерство за одбрана ги нарачал првите модернизирани борбени авиони од типот „F-15EX“ кои се способни да понесат хеперсонични проектили, соопшти компанијата „Boeing“.

„Американските воздухопловни сили потпишаа договор во износ од 1,2 милијарди долари за градење на првата серија од осумте современи борбени авиони ‘F-15EX’… Авионот ‘F-15EX’ носи повеќе вооружување од кој и да е друг ловец-бомбардер од неговата класа и може да лансира хиперсонично оружје со должина од околу седум метри и тежина до 3,2 тони“, се наведува во соопштението.

Покрај тоа, се најавува и договор со отворен рок на испорака за неодреден број летала од споменатиот модел борбено летало во износ од 23 милиони долари.

„Идните планови зборуваат за 144 авиони“, се наведува во соопштението на компанијата.

Според извештајот на веб-страницата на американските воздухопловни сили, осум авиони ќе бидат распоредени во воздухопловната база Еглин во сојузната држава Флорида, каде ќе учествуваат во тестирањата. Првите две летала, според планот, треба да бидат произведени во вториот квартал од фискалната 2021 години, а другите шест во 2023 година. Во иднина тие треба да го заменат моделот „ F-15C/D“.

Како што истакнува специјализираното списание National Interest, авионот F-15EX“, за разлика од другите современи модели, вклучително и „F-35“, може да постигне брзина од повеќе од три маха, што овозможува хиперсоничните проектили да добијат подобра почетна брзина. Од една страна „F-35“ имаа двојно помала брзина, а од друга страна, пак, хиперсонично оружје со таков габарит не се вклопува во неговите магацини за вооружување.

Претходно водителот на проектот за развој на хиперсонично оружје во Пентагон, Мајкл Вајт, изјави дека следната година Вашингтон ќе го забрза процесот на создавање нови модели.

Во моментов во САД се разработуваат неколку типови хиперсонични лансери. Американската администрација ја донесе ваквата одлука, предочувајќи дека САД заостануваат зад Русија и Кина во развојот на овој вид оружје.