
Најмладата жртва на новиот сој коронавирус, дванеасетдневно бебе од градот Хеврон, починало во вторникот соопштија палестинските власти во енклавата Западениот брег на реката Јордан.
„Бебе на возраст од 12 дена почина денеска во областа Јатта во Хеврон, и ова е најмладата жртва на коронавирусот во Палестина“, се наведува во соопштението на министерството за здравство на Палестинската самоуправа.
Севкупно на палестинските територии бројот на заразените во вторникот достигнало 7.441 лице, а во моментов 16 пациенти се на интензивна нега. Бројот на смртните исходи кај пациенти со Covid-19 се искачи на 45, се додава во соопштението.