
Државната изборна комисија ги објави резултатите од излезноста на избирачките места до 19 часот и според нив излезноста на предвремените парламентарни избори до 19 часот е 45,77 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
Поради здравствено-санитарните протоколи поради епидемијата од коронавирусот, под кои се оддржуваат десеттите парламентани избори од осамостојувањето на Македоника, избирачките места денеска се отворени до 21 часот, за разлика од досега во 19 часот.
Истата изнесува 45.74 проценти, досега правото на влас го оствариле 829,927 илјади гласачи од вкупно 1,814,263 гласачи запишани во избирачкиот список.
Повеќе детали околу излезноста можете да прочитате на официјалната страна на ДИК.
ИЕ 1 – излезност од 47.38 процент
ИЕ 2 – излезност од 43.37 проценти
ИЕ 3 – излезност од 51.51 проценти
ИЕ 4 – излезност од 53.22 проценти
ИЕ 5 – излезност од 44.87 проценти
ИЕ 6 – излезност од 35.46 проценти