На 37 отсто преброени гласови, ВМРО-ДПМНЕ води со над 10.000 гласови

Според досега обработените резултати од денешното гласање, во големо водство е ВМРО-ДПМНЕ. Партијата има освоено 109.670 гласови. СДСМ освоила 99.447 гласови.

Од 37 отсто преброени гласови ДУИ има освоено 25.148 гласови, додека Алијанса за Албанците 19.599 гласови.

Извор на овие податоци кои ги објави Сител е ВМРО-ДПМНЕ.