
Државата и институциите покажаа капацитет дека и во услови на една ваква сериозна пандемија успеаа да организираат здравствено безбедни услови, безбедни за сите вклучени во овој изборен процес, рече по гласањето Фаница Николоска, носителката на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 6,
„Граѓаните на овие избори одлучуваат кој ќе ни ја води државата во наредните 4 години, кој ќе се грижи за нашето здравје и кој ќе ги води евроинтеграциските процеси.
Затоа, ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на овие здравствено безбедни избори, фер и демократски, да ја изразат својата волја и да го дадат својот глас, затоа што од нив зависи иднината на нашата држава“, додаде Ноколоска.