
МВР во текот на денот забележало неколку неправилности поврзани со изборни нерегуларности. Во СВР Битола било пријавено и дека полициски службеник кој обезбедувал избирачко место, во училиштето во село Дебрешта, им кажувал на граѓаните кој број да го заокружат на гласачкото ливче.
-Веднаш е известен одделот за внатрешна контрола и се постапува за да се расчисти овој случај, рече Тони Ангеловски, портпарол на МВР.