ДУИ победи на избирачки места во Карпош и Кисела Вода, според податоците на ДИК

На интернет странуцата а Државната изборна комисија (ДИК) на избирачки места кои се наоѓаат во Кисела Вода и Карпош може да се види дека најголем број гласови освоила партијата ДУИ.

Споредено со парламентарни избори одржани во 2016 година на истите две избирачки места ДУИ има освоено вкупно 3 гласа, што не е случај сега. Според ДИК, оваа година ДУИ на избирачкото место во Карпош има над 58 проценти од гласовите, додека на избирачкото место во Кисела Вода повеќе од 49 проценти.

Дали станува збор за системска грешка на страната на ДИК која од вчера не е во функција останува нејасно? Или се работи за смислена саботажа за да се овозможу протнување на фалсификувани записници?