Над 80.000 гласови погрешнo распоредени, поради хаосот предизвикан од новиот софтвер на ДИК

Новиот софтвер на Државната изборна комисија направил вистински хаос со резултатите од гласањето, па хаосот е толкав што преку 80.000 гласови се погрешно распоредени, објави „Канал 5“ повикувајќи се на извор од ДИК.

Дека нешто не е во ред покажува и графиката од ДИК, според која во струмичко Ново Село, победила коалицијата на Алијанса на Aлбанците и Алтернатива, а пред ДУИ.

Покрај тоа  на две избирачки места во скопските Кисела Вода и Карпош, каде што на претходните избори ДУИ освоила вкупно 3 гласа, овојпат е убедлив победник со 49 односно 58 отсто освоени гласови.