
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, околу два часот по полниќ ноќта кон четвртокот прогласи победа на неговата партија коалицијата „Можеме“ на предвремените парламентарни избори во средата, и во обраќање пред сопартијците најави дека е оставарена предност од три пратенички мандата пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ, што засега не може да се потврди од подтоците кои ги соопшти Државната изборна комисија.
„Можеме и тоа како можеме! Успеавме народе мој. Со убедлива и стабилна предност со над три пратенички мандати предност пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за уште повеќе од еден или два мандати“, тврдеше Заев.
Лидерот на СДСМ им се заблагодари на граѓаните што „го одбрале правиот пат, а ја избегнале опасноста и враќањето на режимот“.
„Има една народна поговорка. Како ќе си постелиш, така ќе си легнеш. Сите учесници од денешните избори добија порака од своите гласачи. Среќен сум што граѓаните ги препознаа вистинските вредности“, рече Заев.
Повторно Заев даде многу ветување, потенцирајќи дека „ќе следува правда“, без да прецизира на што мисли.
„Патот е исправен, но мора да се работи уште повеќе и уште посилно. Ви ветувам дека тоа ќе го правиме во иднина, ќе растата платите, парите ќе се враќаат кај граѓаните,, Следува правда, на тоа се обврзуваме“, рече Заев и додаде дека ќе „подадат рака секому“ кому е потребна поддршка.