
Македонската репрезентација во традиционално карате на ИТКФ Медитеранскиот онлајн шампионат освои 2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени медали во кати кој се одржа вчера и денес онлајн.
Дејан Недев го освои сребрениот медал во сениорска конкуренција кој мора да истакнеме дека беше грубо оштетен од судиите во финалето.
Тој ја изработи неговата ката за класи и класи подобро од неговиот противник. Златни медаљи освоија Мила Саздова во јуниорска конкуренција и Александра Стојановска во кадетска конкуренција.
Аљоша Недев го освои бронзениот медал за сениори, а Максим Илиев го освои исто така бронзениот медал во кадетска конкуренција. Со почит МТКФ.