
Фудбалерите на Вест Хем Јунајтед во последниот дуел од 36-то колона англиското провенство, како домаќини го совладаа Вотфорд со 3:1 со што пркатично го обезбедија опстанокот во елитата.
Вест Хем до важната победа дојде со одличниот почеток на мечот, откако само по 10 минути водеше со 2:0 со головите на Мајкл Антонио во 6 и Томаш Соучек во 10 минута, а потоа водството го зголеми Деклан Рајс во 36 минута со одличен удар од дистанца. Гостите успеаја само да намалат, и тоа во 49 минута преки Трој Дини.
Вест Хем на две кола до крајот на првентството е на 15-то место со 37 бодови, три повеќе од 17-от Вотфорд, а шест повеќе од 18-от Борнмут и 19-от Астон Вила кои се наоѓаат во заната на испаѓање. Покрај тоа што има шест бодови повеќе, Вест Хем има и подобра гол-разлика од Борнмут и Астон Вила.