
Многу чудни работи се случуваат со веб страницаа на Државната изборна комисија (ДИК) за објавените резултати, вели Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.
„При обид за проверка на достапност на електронскиот внес на резултатите, страната од ДИК паѓа на секои две минути со тоа што кога страната е моментално достапна може да видиме дека објавените електронски резултати се третирани како неофицијални првични, но позадински варијаблата која ја користат програмерите е заведена како неважечки податоци“, пишува на својата фејсбук страница Лилјана Затуроска, генерален Секретар на Унија на Жени на ВМРО – ДПМНЕ.
Дали некој свесно предвреме знаел дека овие податоци ќе бидат неважечки и лажни?!