
Ристо Вуков – Рико викендов дебитираше во Порше Карета 911 Купот на Италија, а по вчерашното деветто место, денеска беше за едно место послаб на трките во Муџело. Вчера со освоеното деветто место собра два бода, а денеска освои еден бод што е солиден биланс за македонскиот автомобилист на дебитантските трки во овој шампионат.
Следниот предизвик на Рико е трката во Мизано, Италија и тоа на 1 и 2 август.