
По 21 ден лекување на инфективната клиника, пратеникот Антонио Милошоски е пуштен на домашно лекување.
Тој на својот Фејсбук профил објави дека после 4 дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од Ковид-19 е повторно дома. Негативен по тест, но расположен по дух и опкружен со најблиските, чии прегратки со љубов се задолжителна терапија за закрепнување. Уште едно сериозно животно премрежје е надминато, напиша Милошоски заблагодарувајќи му се на медицинскиот персонал во болницата за грижат за секој од пациентите.