
ЈКП „Гази Баба 2007“ ги известува сите сточари, трговци и угостители, дека Добиточниот пазар во Трубарево утре нема да работи.
– Причината за затворање на пазарот е појавата на болеста „Син јазик” кај говедата, овците и козите. Согласно препораките од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пазарите нема да работат се додека трае оваа епидемиолошка состојба – соопшти Општина Гази Баба.