
Времето во Македонија во понеделникот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната утринска температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 33 Целзиусово степени. УВ индексот ќе има висока вредност 9
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се движи до 15, а максималната дневва ќе достигне до 31 степен.
Во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во значителен пораст.