Цела седмица во Србија над 300 новозаразени дневно

Бројот на заразите со новиот коронавирус во Србија на дневно ниво цела седмица не паѓа под 300 случаи на дневно ниво, а во последните 24 часа со рекордните повеќе од 10.000 тестирани ресгистрирани се нови 352 коронаинфекции, и уште девет починати од Covid-19.

Србија од 30-ти јуни секој ден регистриран повеќе од 250 новозаразени на дневно ниво, со тоа што изминатата седмица секој ден има повеќе од 300 новозаразени, а најмногу се пријавени на 19-ти јули кога беа потврдени 396 нови случаи.

Во изминатото деноноќие меѓу 10.310 тестирани потврдени се 352 случаи на заразата, а од последници на заболувањето Covid-19 починале уште девет заболени, потврди во вторникот членот на Кризниот штаб при владата, др Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Вкупно се хоспитализирани 4.772 пациенти од кои на респиратори се 198, што исто така е досега најголем број во еден ден од почетокот на епидемијата.

По нултиот пациент, пријавен на 6-ти март, потврдени се вкупно 21.605 случаи на Covid-19. Досега според официјалните податоци починало 491 лице.

Тестирани се вкупно 568.750 лица кои на некој начин можеле да бидат доведени во сомневање за зараза со коронавирусот.