
Полицискиот час кој го воведоа австриските валсти поради епидемијата од новиот коронавирус бил уставно невтемелен, пресуди во средата Уставниот суд во Виена, поттикнувајќи ги критиките дека владата ги игнорирала законите додека носела мерки во текот на епидемијата.
Опозициските партии аперлираат владата да ги врати парите на оние кои се казнети поради кршењето на полицискиот час.
Највисокиот суд во земјата донесе пресуда врз основа на жалби на грѓани против министерството за здравство, кое им забрануваше на граѓаните да престојуваат на јавни простори освен ако не се сами или со членови на нивното домаќинство.
Судиите заклучиле дека министерот за здравство Рудолф Аншебер ги надминал своите законски овластувања, како и дека неговите наредби можеле да се темелат на закон кој дозволува забрани само за посебни подрачја, но дека тоа не му давало право да воведе генерален политички час.
Уставниот суд, исто така, донел пресуда против владината одлука прво да се отворат железариите и градинарските центри, имајќи предвид дека земјата го укина карантинот кон средината на април, а другите видови големи продавници морале да останат затворени.
„Уставниот суд не можеше да најде објективна причина за ова нерамноправно постапување“, се вели во соопштението на судот.
Двојните критериуми за постапувањето се укината кон крајот на април, со намалувањето на бројот на заразите.
Конзервативниот канцелар Себастијан Курц претходно ги отфрли овие критики против мерките кои се носени поради сузбивањето на Covid-19, како „дозволено барање влакна во јајцето“.
„Уставниот суд го потврди несмасниот став на владата по прашањето на владеењето на правото“, изјавија од опозициската левичарска Социјалдемократска партија, додека либералната партина Неос ја обвини „оваа влада дека со месеци дејстуваше намерно против законите“.
Министерката за уставни прашања, Каролин Едштадлер, изјави дека владата допрева треба да ја евалуира пресудата. Не одговорила на прашањето дали ќе бидат вратени парите од наплатените казни.