
Пазарната инспекција во средата утрото го затвори базенот во Виница, каде претходните денови затекнаа голем број гости, спротивно на протоколите за работа и непочитувајќи ги препораките за заштита од коронавирус.
Базенот ќе биде затворен десет дена. Фирмата доби и парична казна од 2.500 евра, а одговорното лице уште 500 евра.
Освен тоа, ДПИ поднесе и кривична пријава, со што управителот може да добие казна затвор од една до четири години