
Ќе имаме консултации со политичките партии пред доверувањето на мандатот, а консултациите ќе се одржат по конституирањето на Собранието, вели претседателот на државата, Стево Пендаровски, за ТВ21.
– Согласно уставните одредби, мандатот за составот на Владата ќе го довери на кандидат на партијата, односно на партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието – објаснува Пендаровски за ТВ21.
Според првичните неофицијални резултати, коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.