
Времето во Македонија во среда ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од северозападен и западен правец. Долж Повардарието повремено повторно ќе се засилува.
Утринската температура се движи од 11 до 21, а дневната од 29 до 36 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура е 16, а дневната ќе достигне 33 степени.
Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло време, освен во петок попладне и во сабота, кога ќе има појава на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи.