
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека пандемијата на коронавирусот „попрво ќе се влоши отколку ситуацијата да се поправи“ укажувајќи истовремено на „загрижувачкиот“ раст на новите случаи на зараза во јужните и западните сојузни држави.
„Веројатно, за жал, ситуацијата со непријатниот горзен вирус ќе се влоши отколку што ќе се поправи“, рече Трамп додавајќи дека тоа е „нешто што нерадо го кажува“.
Американскиот претседател претходно беше критикуван поради минимизирањето на димензиите на пандемијата и поттикнување што поскоро да се отворат економиите, поткако коронакризата и воведените мерки го урнисаа одличниот резултат во неговиот мандат во поглед на намалувањето на процентот на невработеност кај Американците.
Трамп, исто така, рече дека целта на неговата администрација „не е само да се управува со пандемијата, туку да ја заврши“. „Сакаме да ја решиме“, додаде.
По подолго време Трамп одржа прес-конференција посветена на состојбата со коронавирусот. Претходно држеше брифинзи речиси секојдневнио, но престана откако беа пренесени и некои неговои гафови.
Трамп, кој донеодамна упорно да носи маска во јавноста, на брифингот ја извади од џебот и ги повика своите сонародници да носат маски доколку не можат да ја одржуваат физичката дистанца од лицата со кои се опкружени, за да се помогне во напорите за спречувње на ширењрето на заразата со коронавирусот.
Случаите на зараза растат во САД, вклучително и во политички важните држави како Флорида, Тескас и Аризона, па Трамп го промени тонот во желбата ситуацијата да биде ставена под контрола за во ноември да може да се одржат претседателските избори вообичаено, на што инсистира Републиканската партија која го номинира за вториот мандат.
„Параме од сите, доколку не сте во можност да одржувате физичка дистанца, да носите маски. Ја сакате или не маската, таа има влијание, има ефект, а ние треба да сториме сѐ што можеме“, реле Трамп.
Додаде дека се привикнува на маската и дека ќе ја носи кога е во група или во лифт.
„Ќе ја носам, секако. Сѐ што потенцијано може да помогне е добредојдено“, додаде Трамп.
Американскиот претседател, исто така, ги повика младите Американци да ги избегнуваат баровите со голем број посетители, во коишто лесно би можел да се пренесува вирусот.