
Пекинг потегот го опиша како „политичка провокација“, а амерканскиот Стејт департмент кажа дека одлуката е донесена „со цел за заштита на американската интелектуална сопственост и приватните податоци“, се наведува во соопштение.
Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Венбин кажа дека потегот е „неоправдан“.
Наскоро на социјалните мрежи почна да се шири снимка од палење документи во канти во дворот на конзулатот кои ги снимиле неидентификувани лица. Телевизиските станици во Хјусто, КПРЦ и КХОУ, пренесуваат дека на локалните пожарникарите не им бил дозволен влез во комплексот за да ја исконтролираат ситуацијата со огнот, а КХОУ јавува дека оганот подоцна бил изгасен.
Тензиите меѓу САД и Кина растат некое време. Двете држави прво се судрија околу трговијата, технолошката компанија Хуавеј и 5Г мрежата, а во последно време најмногу околу пандемијата на коронавирусот за која Вашингтон ја обвинува Кина, како и за кинеското наметнување на контроверзниот закон за безбедност на Хонг Конг.
Потегот со конзулатот следи откако во вторникот американското министерство за правосудство ја обвини Кина за кибернетички напад. Поточно, САД обвинија двајца кинески државјани дека се обиделе да хакираат лаборатории кои развиваат вакцина за ковид-19. Хакерите според тврдењата шпионирале американски фирми кои ги работат истражувањата и за тоа добивале помош од кинески државни агенти.
This video shared with us by a viewer who lives next to the Consulate General of China in #Houston shows fire and activity in the courtyard of the building.
DETAILS SO FAR: https://t.co/2cOeKoap96 pic.twitter.com/0myxe6HIlC— KPRC2Tulsi (@KPRC2Tulsi) July 22, 2020
Кина во денес ги обвини САД за малтретирање на дипломатскиот персонал и заплашување кинески студенти. Кинеските дипломатски мисии и лицата кои работат во нив неодамна, според нивните тврдења, добиле закани со бомба и убиства.
Во соопштение Кина наведе дека „инфилтрацијата и мешањето никогаш не биле во гените и традицијата на кинеската надворешна политика“.
Кина исто така одговори дека ако Трамповата администрација „не ја повлече оваа неправедна одлука“, Пекинг ќе мора да „реагира со контрамерки“.
„Кина силно го осудува скандалозниот и неоправдан потег кој ќе ги саботира американско-кинеските односи“, кажа Венбин.