Државната комисија за спречување на корупцијата на ден 23.07.2020 година (четврток), со почеток во 11:00 часот ќе ја одржи 36-та седница без присуство на медиуми, како што велат во своето соопштение, поради почитување на препораките за заштита од корона вирусот донесени од страна на владата.
За седницата е предвиден следниот дневен ред.
1. Усвојување на Записник од 30-та ( продолжение), 32-та и 33-та и 34-та седница на ДКСК;
2. Предлог- одлука за заменик- претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата;
3. Предлог- одлука за овластување на потписници на сметката на Државната комисија за спречување на корупцијата;
4. Утврдување на пречистен текст на Деловник за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата;
5. Постапување по конкретни предмети.