
Чоколадата „Ritter“ е единствената којашто во Германија смее да се продава во карактеристичната квадратеста форма, одлучи во четвртокот германскиот Врховен суд отфрлајќа ја тужбата од конкуренцијата.
Судот смета дека формата во квадрат на чоколадата „Ritter Sport“ не е само плод на функционалноста, туку и на креативното обликување.
„За другите произведувачи на чоколада не е пресудно своите производи да ги нудат во квадратеста форма“, се истакнува во пресудата.
Со тоа е одбиена тужбата на компанијата „Mondelez“, произведувач на чоколадата „Milka“. Со конечната пресуда ставен е крај на десетгодишната правна битка во која „Milka“ бараше да се укине ексклузивното право на „Ritter“ на ваквата форма на чоколадата.
„Среќни сме ште и во иднина е осигурана заштитата на нашата марка којашто ја негуваме со десетлетија. За нас квадратестата форма на чоколадата ја поседуваат истата вредност како и виолетовата боја на обвивката за конкуренцијата“, соопшти компанијата „ Alfred Ritter GmbH & Co. KG“ од Валденбух крај Штутгарт.
Компанијата „Ritter Sport“ е основана во 1912 година, а квадраетстата форма е дизајнирана во 1932 година, кога коосновачката на фирмата Клара Ритер одлучила дека чоколадата мора, без да се скршат, да влезата во секој џеп од јакна.